Прелиминарна истрага за падот на рускиот авион на Синај – немало знаци за тероризам

Египет во понеделникот објави дека е довршена прелиминарната истрага за падот на рускиот авион над Синај на 31 октомври, со заклучок дека нема докази кои би укажувале на тероризам.

Image

„Техничко истражната комисија досега не пронајде ништо што би упатувало на било какво илегално делување или терористичка акција“, соопшти министерството за цивилно воздухопловство.

Русија по несреќата објави дека авионот го урнала бомба, а одговорноста за падот ја презеде Исламската држава.

Рускиот Airbus A321 се урна на 31 октомври 23 минути по полетувањето од летувалиштето Шарм ел-Шеик кон Санкт Петербург со 224 патници.