Природни начини за блескава кожа на лицето ова лето

Наместо да го оптеретувате лицето со пудра, пробувајќи да ги сокриете недостатоците, одвојте малку време и посветете се на повеќе негување на својата кожа.

Great-Face-and-Body-90_grid_6

 

Сокот од портокал го освежува лицето
За да постигнете привлечен сјај на кожата, лицето нежно измасирајте го со исцеден сок од портокал или домати. Откако ќе се исуши, измијте го лицето со ладна вода.

Пилинг од кафе и лимон
Тајната на Ева Лонгорија се крие во маската од кафе и лимон. Сварете јако кафе и исцедете го. Во талогот исцедете пола лимон и додајте една лажица маслиново масло. Измешајте и добиената паста нанесете ја со кружни движења на лицето.

Рецепт за чиста и млада кожа
За да ги исчистите порите од нечистотијата и себумот, измешајте 2 лажици мед со 5-6 иситнети зрна грозје. Маската нанесете ја на лицето и оставете ја да делува 30 мин, а потоа измијте со млака вода. Наместо грозје, може да употребите и авокадо, а тогаш маската е препорачано да стои на лицето 10-15 минути.

Домашни тоници за летно освежување
Измешајте 50 милилитри јаболков оцет со сок од свежа краставица. Мешавината го освежува лицето и вратот. Тоник може да направите и од 3 лажици сушена камилица, 3 лажици свежо нане и литар вода. Откако состојките ќе провријат, оставете уште 5 минути, исцедете и ставете ја водата во фрижидер.