Притвор за едно лице уапсено во акцијата во алучајот „фабрика за афери“

За едно од лицата кои во четврток, во спроведување на акцијата за предметот познат како „Фабрика за афери“ беа лишени од слобода, надлежен јавен обвинител поднесе Предлог за определување на мерка притвор.

 Image

Лицето се товари за сторено кривично дело – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 од Кривичниот законик, соопштија од Јавното обвинителство.

Тројца од петтeмина лишени од слобода, по оцена на обвинител и согласно на досега утврденото, не се задржани во полициска станица.

Петтото лице е задржано и јавноста дополнително ќе биде известена за одлуката која во постапувањето ќе биде донесена од страна на Обвинителството.

Имено, во акцијата беа уапсени пет лица поврзани со случајот познат во јавноста како „Фабрика за афери“, соопштија од Јавното обвинителство.

Претресот бил извршен на повеќе локации во Скопје и околината, при што се пронајдени и одземени компјутер, хард диск, огнено оружје, материјали и документација. Одземени се и други докази што ќе бидат предмет на натамошна анализа.

Медиумите објавија дека утрово биле уапсени двајца браќа и сестрата на осомничениот за тајната работилница за фалсификување документи Захир Бекири Чаушот.

Откако неделникот „Фокус“ објави дека се откриени две тајни локации каде се изработувале фалсификувани лични карти, Скопското Обвинителство соопшти дека е откриена е тајна работилница каде се вршело фалсификување на документи.

Обвинителство тврдеше дека при претресот во домот на Захир Бекири пронајдени биле обрасци за патни исправи, лични карти и други документи, како и опрема за фалсификување, преси, секачи и друго.

Потоа Министерството за внатрешни работи соопшти дека се приведени три лица за кои постои сомневање дека фалсификувале лични исправи, меѓу кои и Бекири.Никој од приведените не беше задржан во притвор, освен третото лице кое е испратено на дослужување на стара казна затвор.