Причини за честата појава на херпесите

Причината поради која некои луѓе многу често се подлежни на појава на херпес на устата е недостатокот на интерферон, протеин кој спречува појава на херпесите.

anh1_17

 

Научниците од Шкотска открија дека главниот виновник за херпесот се крие во гените. Луѓето кај кои херпесот секогаш се враќа имаат недостаток на протеинот интерферон-ламбда кој ја спречува активацијата на ХСВ-1 (херпес симплекс вирус, тип 1).

Научниците анализирале илјадници гени и ги споредиле со ДНК-та на оние кај кои често се јавуваат болните меури на устата. Заклучено е дека кај тие луѓе има недостаток на имунолошкиот протеин, па имуниот систем не може да се избори со вирусот.

Професор Џуерган Хас, кој е и водич на истражувањето, изјави:

„ХСВ-1 е еден од вирусите кој од кога ќе се вдоми во организмот, не можете да се ослободите од него. Тој се вовлекува во нервниот систем и најчесто се јавува при стрес или болест, а резултатите од истражувањето даваат нова надеж за трајно излекување од опасниот вирус кој може да предизвика и болест на мозокот“.

Скоро 90 проценти од возрасните имаат ХСВ-1 во организмот, но само кај една четвртина од нив се јавуваат манифестациите од истиот на устата, а истите се јавуваат на неколку седмици. Вирусот најчесто се шири со бакнежи, а луѓето најчесто го добиваат за време на детството.