Променливо и нестабилно со пороен дожд, од среда зголемување на температурите

Времето во понеделник ќе биде променливо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во северните и источните делови.

Image

Максималните дневни температури ќе се движат во интервалот меѓу 17 и 29 Целзиусови степени, а во Скопје и околината до 27 степени, со УВ индекс со вредност 6.

До вторник ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер.

Од среда под влијание на сува и многу топла воздушна маса ќе има нагло зголемување на температурите. За викендот највисоката температура ќе достигне 40 Целзиусови степени.