Променливо облачно, за време на викендот повеќе сонце

Времето во текот на денот ќе биде променливо облачно, а температурите низ земјата ќе се движат во интервалот од минус 6 до 12 целзиусови степени. Во Скопје температурите ќе се движат од минус 4 до 6 степени.

Image

Во следниве два дена ќе има повеќе сонце. Од недела ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд, и ќе биде релативно топло во однос на овој дел од годината. За време на викендот во одделни котлини ќе ќе има услови за појава на магла, соопштуваат од УХМР.