ПСЖ подготвува 222 милиони евра за Нејмар и годишна плата од 42 милиони евра!

Францускиот првак Пари Сен Жермен е подготвен да издвои неверојатни 222 милиони евра за трансфер на напаѓачот на Барселона, Нејмар, тврдат медиумите од Париз.

suarez-mesi-i-nejmar-615x400

Тимот на Унаи Емери во изминаите преодни рокови се обидуваше да го доведе Кристијано Роналдо во своите редови, но сега челниците на клубот имаат нова мета. Медиумите информираат дека договорот со Нејмар бил пред сама завршница во текот на летото, но тој се одлучил на продолжување на договорот со Барселона до 2021 година, кој му гарантира плата од 25 милиони евра. „Светците“ не се предаваат, туку ќе тргнат во нова офанзива, убедени дека овојпат нивната понуда ќе биде премногу добра за Нејмар да може да ја одбие.

Од францускиот клуб ова лето си замина Златан Ибрахимовиќ, кој беше најголемата ѕвезда во таборот на парижаните, а раководството на клубот е во потрага по ново звучно име.

ekipa.mk