Револуција во женскиот тенис: Мечевите ограничени на 90 минути?

Поради наводно губење на интерес од страна на гледачите на женскиот тенис, челниците на ВТА размислуваат во неколку правци како би го промениле сето тоа. Една од најавените промени за играта во женска конкуренција нагласува дека мечевите нема да траат подолго од 90 минути.

serena-i-venus-vo-aut-615x400

„Тоа значително би ни помогнало за време на телевизиските преноси, а и гледачите ќе се задржат на трибините. Попрво би гледале меч кој е возбудлив и, ние мораме да размислуваме во таа насока. Знам дека на почетокот ќе има доста несогласувањa, но ако почнеме да го применуваме тоа, за почеток во пониските рангови, можеби за некоја година ќе го донесеме женскиот тенис на подобра позиција отколку што е сега“ – истакна Стив Сајмон, директор на ВТА дополнувајќи дека евентуалните промени би стапиле на сила за три до четири години.

ekipa.mk