Фудбалските репрезентации кои ќе учествуваат на ЕУРО 2016 во Франција, ќе поделат од наградниот фонд 301 милион евра. Наградниот фонд за ЕП во Франција е зголемен за 35 отсто во однос на минатиот шампионат кој во 2012 година се одигра во Полска и Украина.
Европското првенство кое на 10. јуни ќе започне во Франција е прво на кое ќе учествуваат 24 репрезентации. Секоја од овие репрезентации со пласманот на првенството заработи осум милиони евра. Секоја победа носи милион евра, а секој освоен бод 500.000 евра.
Пласманот во осминафиналето ќе се наградува со 1,5 милиони евра, четвртфиналето носи 2,5 милиони евра, а полуфиналистите ќе инкасираат по четири милиони евра.
Новиот европски првак дополнително ќе заработи осум милиони евра, а поразениот во финалето ќе биде награден со три милионa евра.
ЕУРО 2016 ќе се одржува од 10. јуни до 10. јули, титулата ја брани Шпанија, а според обложувалниците најголем фаворит е Франција.