Реми во Торино, Меси го реши Арсенал

Јувентус и Баерн ремизираа 2:2, додека Барселона славеше во Лондон над Арсенал со 2:0, во првите осминафинални натпревари во Лигата на шампионите.

Image (7)

Брилијантен натпревар во Торино одиграа Јувентус и Баерн, кој на крајот заврши без победник иако Баварците имаа предност од 0:2.

Еден час Баерн доминираше во Торино, Јувентус никако не успеваше да најде одговор за пресинг играта на фудбалерите на германскиот првак.

Таквата игра му донесе на Баерн водство од два гола, Милер најпрвин промаши ‘мртва шанса’ во 22.минута, но во 43-та рутински реализираше за 0:1. Предноста ја одвои Робен 12 минути подоцна.

Од тој момент Јувентус започна да игра, Кимих загуби топка во опасната зона, Манџукиќ го проигра Дибала, а 22-годишниот Аргентинец го совлада Нојер во 63.минута.

Веднаш по тој гол Јувентус имаше шанса за израмнување, Манџукиќ асистираше за Квадрадо, но голамнот на Баерн го одбрани неговиот удар.

Добрата игра Јувентус ја материјализираше во 78.минута, Мората му асистираше на Стураро за 2:2.

Барселона рутински го одработи мечот во Лондон и го запиша 33-от атпревар без пораз во сите конкуренции.

Барса во првиот дел ја контролираше игра, Арсенал имаше неколку обиди, од кои најдобриот беше Окслејд-Чемберлен во 22.минута. На спротивната страна Луис Суарез ја поромаши водство за Баселона во 45.минута.

Арсенал прв се закани и во вториот дел, на истекот на 60.минута, Монреал нафрли, а Тер-Штеген на гол линијата го запре ударот на Жиру.

Во 71.минута Барселона одигра школска контра, во која актери беа тројцата најдобри во тимот, Нејмар одигра двојно со Суарез, а потоа го проигра Меси кој го совлада Чех. Овој гол беше прв за Меси против искусниот чешки голман, кој во претходните шест соочувања не прими гол од Аргентинецот.

Конечниот резултатго постави Аргентинецот во 83.минута, откако избори пенал. Фламини кој само неколку минути претходно влезе во игра невнимателно стартуваше врз Меси, кој пеналот го претвори во гол.

Реванш натпреварите, во кои домаќини ќе бидат, Баерн и Барселона ќе се одиграат на 16.март.

макфакс