Репрезентативците очекуваат специјално засилување за Италија и Израел – од трибините!

Македонската фудбалска репрезентација на 6. и 9. октомври ја очекуваат нови квалификациски натпревари за пласман на СП 2018 во Русија. Овој пат со Израел и со Италија на националната арена „Филип Втори“ во Скопје, на домашен терен, пред своите навивачи, во желбата за први бодови во новиот квалификациски циклус.

tribini-615x400

Според последните информации и тоа како засилен е интересот за блок билетите кои се пуштени во продажба за двата натпревари, по цени од 250 до 500 денари. Факт е дека на македонските репрезентативци им е неопходно и засилување од трибините како би се стигнало до толку посакуваните позитивни резултати.

Покрај продажбата преку мрежата на МкТикетс, и во „Сити мол“, од денеска билетите ќе може да се продаваат и во трговскиот центар „Капитол мол“..

„Јасно е дека ќе ни биде неопходна поддршка од трибините за да дојдеме конечно до резултат со кој ќе ја израдуваме домашната фудбалска јавност. Знаеме дека претходните резултати во квалификациските циклуси не се нешто со кое може да се гордееме, но сега ни е потребна поддршката од нашите навивачи како би означиле можеби еден нов резултатски почеток за нашата репрезентација“ – е ставот на македонските репрезентативци во очекување на двата натпревари.

Согласно најавите, за дуелот со Италија кој се игра на 9. октомври од 20:45 часот најавено е доаѓање на околу 1.000 италијански навивачи. Четирикратниот светски шампион во Скопје доаѓа со најсилниот свој состав предводен од ѕвездите на Јувентус, Буфон, Кијелини, Бонучи, потоа Де Роси, Флоренци од Рома, Монтоливо, Бонавентура од Милан, Марко Верати од ПСЖ кој се враќа во националниот тим по повредата и Грацијано Пеле – кој моментно настапува во Кина. Во селекцијата на Италија се враќаат и голманот Перин, но соиграчот на Горан Пандев од Џенова, Дармијан…

Сепак, пред Италија, фокусот на селекторот Игор Ангеловски и неговите избраници е дуелот веќе во четврток од 20:45 часот против Израел.

ekipa.mk