Фудбалерот на Баерн Минхен, Франк Рибери се врати на тренинзите на бундеслигашот и наскоро се очекува тој да биде во комбинација за наредните натпревари.
Инфомациите од Германија говорат дека Рибери би можел настапи уште на натпреварот со Хофенхајм, што Баварците го играат утре на домашен терен.
Французинот има девет натпревари оваа сезона, а поради здравствени проблеми нема играно од крајот на септември, иако неколку пати тој беше блиску до враќање на терените.
ekipa.mk