Некогашниот фудбалер на Ливерпул и на Вест Хем, а сега селектор на Чад, Ригоберт Сонг, доживеа мозочен удар и префрлен е во болница во Камерун.
Тамошните медиуми пренесуваат дека Сонг се наоѓа во кома и е во критична здравствена состојба, а му преостанува голема борба за живот. Тој кариерата ја заврши во 2010 година, во дресот на Трабзонспор, а неколку години работеше и во Фудбалската асоцијација на Камерун.
После ваквата непријатна вест, на социјалните мрежи веднаш се појавија пораки за поддршка на Сонг од Самуел Ето, и поранешниот соиграчи од Ливерпул, Џејми Карагер, Роби Фаулер…
ekipa.mk