Родени првите кученца зачнати со вештачко оплодување

Првите кученца зачнати со потпомогнато оплодување ги окоти кучка, сурогат мајка во САД, по децении несупешни обиди за примена на тој метод кај кучињата, објавија американските научници во среда.

Image

Успешното медицинско потпомогнато оплодување(ин витро) кај кучињата го трасира патот за зачувување на загрозените животински видови и може да помогне  во борбата против човечките и животинските болести, велат научниците од њујоршкиот универзитет Корнел.

Седум кутриња од расата бигл и мелези од расата бигл и кокер окоти кучката-сурогат мајка. Сите се од истото легло, но имаат три пара различни родители. Замрзнати примероци се имплементирани во сурогат мајката со слична техника како кај луѓето.

Проблемите со замрзнатите примероци предизвикаа проблеми во минатите обиди, но на универзитетот Корнел велат дека ја усовршиле техниката на потпомогнато оплодување.

„Имаме седум нормални и весели кутриња“, рече Алекс Тревис, професор по ветеринарна медицина на Корнел и водач на групата научници која се занимаваше со овој проблем.

Од средината на 70-сеттите луѓето се обидуваат да применат вештачко оплодување кај кучињата, но досега без успех.

„Сега можеме да се користиме со ова техника за зачувување на загрозените видови“, рече Тревис.

Техниката ќе може да се применува и за проучување на наследните човечки и кучешки болести, бидејќи кучето со човекот споделува многу заеднички болести, дури и двапати повеќе од било кој друг вид.