Португалскиот репрезентативец на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо се наоѓа во голгетерска криза и тоа наиде на многу крикити од навивачите на „кралевите“. Сепак, тој вели дека негативните коментари се мотив повеќе за него…
„Мора да ги користите негативните луѓе за мотивација. Мене ми се потребни тие „хејтери“, кои ми помогнаа да ги постигнам сите успеси. Кога бев помлад гледав што прават Фиго и Руи Коста и како се подготвуваат за најголемите предизвици. Секогаш сум бил сам на себе најголема инспирација и никој не ми поставуваше цели освен јас самиот. Ги ценев многу и двајцата, но никогаш не сакав да ги имитирам“ – изјави Роналдо.
Тој го пропушти стартот на сезоната поради повредата која ја заработи во финалето од Европското првенство против Франција, а оваа сезона постигна само два погодоци на шест натпревари.
ekipa.mk