САД стојат зад убиството на командант на сириската Ал Каеда

Силите на САД извеле воздушен напад во кој е убиен Абу Фирас ал-Сури, еден од командантите на сунитската терористичка организација Џебхат ан-Нусра, сириското крило на Ал Каеда, соопштија американски функционери.

Image (8)
Исламистичките бунтовници во Сирија објавија дека Абу Фирас ал-Сури, поранешен офицер на сириската армија отпуштен во 1970-те години поради наклонетост кон исламизмот, бил основач на споменатата милитантна група и дека се борел во Авганистан во 1980-те години на страна на талибанските бунтовници.

Бил влијателен член на политичкото тело на Џебхат ан-Нусра – шурата (совет). Познат е како жесток противник на бруталните начини на коишто дејствува другата екстремна сунитска организација Исламска држава и идеолошки не се согласувал со оваа радикална џихадистичка групација.

Портпаролот на Пентагон изјави дека американски авион во неделата погодил зграда во која се одржувал состанок на високи команданти на Ал Каеда од северозападот на Сирија, на кој бил присутен и Абу Фирас. Портпаролот Питер Кук додаде дека САД сé уште вршат проверки на информациите дали Абу Фирас е навистина убиен во нападот.

Американските воздушни сили кои дејствуваат во Сирија и претходно вршеа напади врз тамошните борци на Ал Каеда, иако нивните операции првенствено се насочени против Исламската држава којашто дејствува во Сирија и во соседен Ирак.

макфакс