Северна Кореја објави дека тестирала хидрогенска бомба

Северна Кореја, во средата, објави дека успешно тестирала хидрогенска бомба. Веста за успешното тестирање ја објави државната телевизија, откако претходно агенциите кои се задолжени да ги следат сеизмолошките активности детектирале потрес со магнитуда 5,1 во близина на севернокорејскиот комплекс за испитување на нуклерано оружје.

Image

Северна Кореја ќе продолжи да ја зајакнува својата нуклеарна програма како би се заштитила од непријателската политика на САД, се вели во изјавата. Северна Кореја, исто така, порача дека е одговорна нуклерана држава со ветување дека своите нуклеарни оружја нема да ги користи доколку не биде нарушен нејзиниот територијален интегритет.

Ова е четврто тестирање на нуклеарно оружје во Северна Кореја, која се наоѓа под санкции на САД и Обединетите нации, поради развојот на нуклеарно оружје и ракетните системи.

Претседателот на државата Кин Јонг-ун, минатиот месец, соопшти дека неговата земја која поседува нуклеарно оружје произвела хидрогенска бомба. Северна Кореја, претходно три пати изврши тестирање на нуклеарна бомба која го користи процесот на нуклеарна фисија (2006, 2009, 2013). Поради овие тестирања државата се најде под санкции на меѓународната заедница.

Поради овие активности на Северна Кореја, САД и Јапонија побараа итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации.