Седум природни начини за смирување на стомачните тегоби

Проблемите со стомакот можат да бидат навистина стресни и непријатни, но за среќа постојат природни и едноставни начини со кои за многу кратко време можат да се надминат тешкотиите.

Мед

Еден од најдобрите природни лекови за смирување на стомакот е медот, бидејќи содржи ензими и киселини кои помагаат во варењето и апсорбирањето на храната.  Со една лажица мед или во комбинација со чај можат да се ублажат мачнината и дијарејата.

Супа

Ако сте изеле нешто што не треба, пилешката или зеленчуковата супа можат да ви помогнат да го смирите стомакот. Одберете нешто што е лесно за варење, на пример моркови или компир, за да не предизвикате поголеми иритации.

Чај

Консумирањето чаеви е еден од најлесните начини да го смирите стомакот. Чајот од нане, камилица или ѓумбир може да ги смири болките и намали нервозата. Исто така, чајот од нане помага кај менструалните болки и го намалува чувството на мачнина.

Двопек

Ова е стар лек за желудник кој многумина го користат, бидејќи двопекот ги впива токсините од стомакот.

Ориз

Претставува лесна храна која за многу кратко време ќе го смири вашиот стомак. Пожелно е да се јаде ориз при стомачни проблеми , бидејќи можат да ја запрат дијарејата на тој начин што ја апсорбираат течноста во дигестивниот систем, а истовремено ги намалуваат мачнините.

Ѓумбир

Надалеку е познат дека помага кај мачнините, а истовремено ги намалува болките во стомакот. Доволно е да се консумира како чај или додаток во јадења.