Серена против Радванска во полуфиналето на АО

Серена Вилијамс и Агњешка Радванска ја формираа првата полуфинална двојка на женскиот дел од првиот Грен слем во сезоната, Австралија Опен. Во четвртфиналните мечеви Вилијамс ја победи Марија Шарапова, додека Радванска беше подобра од Карла Суарез-Наваро.

Image

Бранителката на титулата, Серена Вилијамс, имаше проблеми во првиот сет против Шарапова, во кој двете тенисерки осцилираа во играта, а откако го доби во вториот ја декласира својата противничка.

Серена славеше со 6:4, 6:1, ја забележа 18-та последовна победа против Шарапова, која последен пат запишала победа против Американката во далечната 2004 година.

Лесен триумф во четвртфиналето забележа и Радванска која со 6:1, 6:3 ја порази Шпанката Суарез-Наваро.