Се преврте комбе со цариници, четворица повредени

Комбе во сопственост на Царинската управа се превртело утрово околу 7.15 часот на автопатот Куманово – Скопје, кај бензинската пумпа „Дени“.

Image

Како што информираат од МВР, во сообраќајката повредени се четворица цариници, двајца се пренесени во Ургентниот центар во Скопје, а двајца се пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.

Засега не се знае карактерот на повредите, ниту како комбето се превртело.

Извршен е увид на местото на сообраќајката и се утврдува како комбето се превртело.