Се укинува турската претседателска гарда

Анкара, 25 јули, 2016 – 11:03 (META) 
turcija-pretsedatelska-garda-860x680

Турција ќе ја распушти елитната претседателска гарда, откако околу 300 нејзини членови беа уапсени поради учество и вмешаност во неуспешниот обид за воен удар.

Турскиот премиер Бинали Јилдирим, кој соопшти дека дел од војниците што ја зазедоа државната телевизија ТРТ биле припадници на претседателската гарда, рече дека властите заклучиле оти нема потреба од оваа единици, поради што таа ќе престане да постои.

Елитната претседателската гарда има 2.500 војници, а по пучот притворени се 283 нејзини членови.