Скопје, 7 октомври, 2016 – 16:37 (META)

Пијанистот Бојан Зулфикарпашиќ ќе го отвори 35. „Скопски џез-фестивал“ на 13 октомври во МНТ.
Директорот, Оливер Белопета, денеска на прес-конференција соопшти дека нивна основна заложба е фестивалот програмски да го сочува исклучително високото квалитетно ниво и репутацијата што ја има во светот.
Фестивалот ќе трае до 16 октомври, ќе се одржува сите четири дена во Македонскиот народен театар (МНТ), каде ќе има вечерна програма и два полноќни концерти.