Скопјанец злоупотребил лични податоци на корисничка на Фејсбук и објавувал недолична содржина

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против 37-годишниот О.В., за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

 Image

Пријавениот во период од неколку месеци незаконски прибавил лични податоци на  оштетената Л.Ш. на социјалната мрежа Фејсбук и истите активно ги користел во повеќе наврати при што направил злоупотреба на нејзините лични податоци на интернет, односно пристапувал на нејзиниот профил и од истиот објавувал разни објави и фотографии со недолична содржина.

По пријавувањето на случајот од страна на оштетената извршена е истрага од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика по којашто е извршена анализа на добиените ИП, кога е извршена злоупотреба на личните податоци, и воедно утврдени се повеќе ИП адреси со точно време и дата кои по анализата наведуваат дека корсник на истите бил пријавениот О.В., додаваат од МВР.