Совршен дневен план за губење килограми без мака

Губењето килограми не секогаш значи мачење, откажување од омилената храна и напорно тренирање 3-4 пати во неделата.

beautiful woman with healthy food water and clock

 

Експертите и нутриционистите тврдат дека тајната на слабеењето е во секојдневните навики.

Планот кон кој треба да се држите е следниов:

6:00 – Веднаш по будењето напијте се чаша вода. Каснете половина банана, лешници или други намирници богати со протеини, па направете краток тренинг за истегнување или излезете на трчање, барем 20 минути.

7:00 – Откако ќе се вратите, истуширајте се и подгответе здрав, енергетски појадок богат со влакна и протеини. Не се плашете да внесете и малку повеќе јаглехидрати наутро, затоа што во текот на денот имате доволно време да ги потрошите.

8:00 – Пред да излезете за на работа, подгответе си ручек за подоцна. Тој треба да содржи протеини, влакна, свежи намирници, житарки од цело зрно и овошје за десерт.

9:00 – Наполнете си шише вода и пијте ја во текот на целиот ден додека работите.

12:00 – Движете се! Искористете ја паузата за кратка прошетка со колегите.

13:00 – Каснете го ручекот кој го подготвивте. Уживајте во него со една чаша вода.

14:00 – Ако можете, важниот разговор кој треба да го направите, направете го додека шетате. Земете го телефонот и завршете ја работата додека стоите на нозе. Неопходно е секои 2 часа да станувате и да го размрдувате телото.

16:00 – Второто кафе заменете го со шолја зелен чај. Тој го намалува чувството на глад и го забрзува метаболизмот.

17:00 – Во зависност од тоа колку ви е оддалечена работата, обидете се да испешачите до дома.

18:00 – Подгответе нискокалорична вечера.

19:00 – Направете неколку чучнувања и исчекори додека гледате телевизија. Вежбите за стомачни мускули исто така се добредојдени.

22:00 – Сместете се во кревет и одморете. Здравиот сон е главен предуслов за добра линија и слабеење.