Соколов: Мора да го поправиме впечатокот во АБА лигата

Исходот не е правопропорционален со квалитетите на тимот. Тоа е заедничкиот став на шефот на стручниот штаб како и на играчите на Карпош Соколи кои ја отворија дебитантската сезона во АБА лигата со пораз на гостински терен против Крка.

1-img_3009-615x400

Утре во 20 часот гостува Игокеа, тим против кој „соколите“ ќе бараат шанса за поправање на впечатокот и прва радост во регионалното друштво.

„Првиот натпревар не го започнавме најдобро бидејќи бевме превозбудени. Влеговме доста конфузно од некои причини ни падна и концентрацијата, не можевме да го исполниме тоа што го бараше тренерот од нас ниту во одбраната ниту во нападот. На полувремето губевме и 20 разлика. Потоа успеавме да се вратиме на минус девет. Заклучокот е дека не оставивме добар впечаток. Се надевам дека утре со Игокеа ќе тргнеме максимално ангажирано и дека ќе ја отвориме сезоната на домашен терен со победа. Игокеа е доста силен противник за нас, но и тие сезоната ја започнаа доста лошо. Сигурно нема да дојдат предадени туку ќе сакаат да освојат бодови. Се надевам ќе докажеме дека со максимални залагања ќесме конкурентни за ова натпреварување“ – истакна Дарко Соколов.

Капитенот на „Соколите“, Игор Пенов го дополни екс-репрезентативецот додавајќи дека се надева на подобро зидание на својот тим.

„Нема што да кажам за првиот натпревар, тој мора да се заброави бидејќи се претставивмево лошо светло. Се надеваме на успех“ – заврши Пенов.

ekipa.mk