Сончево и многу топло време

2596-sunshine-1920x1080-nature-wallpaper
Скопје, 12 јули, 2016 – 9:05 (META) 

Времето претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови во западните планински делови ќе има услови за краткотраен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19 Целзиусови степени, а дневната од 30 до 37 степени.

Во Скопје се очекува слично време со утринската температура до 18 Целзиусови степни и дневна до 36 степени.