Сончево и топло, попладне со можност за дожд и грмежи

Времето во петок ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.

Image (4)

Попладне е можна изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец. Индексот УВ изнесува 8.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 13 до 20 степени Целзиусови, а дневната од 27 до 38 степени Целзиусови.

макфакс