Сончево и топло со мала до умерена локална облачност

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб југоисточен ветер.

Image (5)
Утринската температура ќе се движи од 5 до 10 Целзиусови степени, додека дневната ќе биде во интервал од 21 до 26 степени.

Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 24 степени.

Во следниот период и понатаму ќе се задржи релативно топло време за овој период од годината. Ќе продолжи да дува јужен ветер, кој во четврток и петок повремено ќе биде и засилен. Зголемено наоблачување со постепен пад на дневната температура ќе настапи од петок, кога ќе има услови за краткотраен дожд, а во сабота врнежи се очекуваат на повеќе места.

макфакс