Сончево со мала до умерена локална облачност

 

Сончево со мала до умерена локална облачност, во западните делови променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен западен и југозападен ветер.

Image (8)
Утринските температури ќе се движат од 7 до 15 Целзиусови степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 20 до 28 степени.

Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 26 степени.

УВ индексот ќе изнесува 7.

За време на викендот во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

макфакс