Сончево со умерена облачност, попладне дожд

Времето во Македонија во понеделник ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. 

Image (6)

Ќе дува умерен ветер од северозападен правец.

Температурите ќе се движат од 21 до 35 степени Целзиусови. Метеоролозите најавуваат нестабилно време до среда со благ пад на температурите.