Ватерполо репрезентациите на Србија и Грција ја формираа првата полуфинална двојка на Европското првенство кое се одржува во Белград.
Српските ватерполисти кои ја бранат титулата, во четвртфиналето, убедливо ја совладаа Русија со 15:5. Прлаиновиќ и Мандиќ постигнаа по три гола за Србија.
Сигурна победа во четвртфиналето забелеќа и Грција над Шпанија 6:2. Фунтулис со три гола беше најефикасниот играч на мечот.
Втората полуфинална двојка ќе биде формирана во вторник, кога своите четвртфинални натпревари ќе ги одиграат Италија и Црна Гора, односно Унгарија и Хрватска.