Ставрески на 17 декември ќе се појави пред Анкетната комисија

Министерот за финансии Зоран Ставрески поради редовните обврски, ќе одговори на поканата на Анкетната комисија во Собранието на 17 декември 2015 и ќе се обрати пред пратениците од истата комисија, соопшти во средата ВМР0-ДПМНЕ.

Image

Ставрески, според редоследот кој го објави претседателот на комисијата Петре Шилегов, требаше да сведочи пред комисијата во четврток на 10 декември.

Претходно ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека претседателот на партијата и премиерот Никола Груевски на поканата на Анкетната комисија ќе одговори на 14 декември, а според распоредот на Шилегов, Груевски требаше денеска да се обрати пред пратениците од комисијата.

Премиерот Груевски се наоѓа во официјална посета на Израел.