Познатите британски музичари Стинг и Питер Габриел соопштија дека заедно тргнуваат на северноамериканска турнеја.
Турнејата ќе биде наречена „Камен, хартија, ножици“(Rock paper Scissors), почнува на 21 јуни во Колумбус, Охајо, а завршува на 24 јули во канадски Едмонтон. Славната двојка ќе има 19 заеднички настапи.
Стинг, поранешен член на групата The Police, како и Габриел, поранешен фронтмен на Genesis, беа на заедничка турнеја и во осумдесеттите години во знак на поддршка на Amnesty International.
Објавено е дека Стинг и Габриел на концертите ќе изведуваат хитови од својот опус, но и хитови на оној другиот.
„Многу сум среќен што имаме прилика така да експериментираме. Мислам дека ќе побудиме интерес кај публиката“, порача Стинг.
Тој подвлече паралела меѓу оваа турнеја и онаа што пред две години ја имаше со Пол Сајмон.
„Разменувавме песни, менувавме музичари, пеевме заедно. На луѓето тоа им се допадна“, рече Стинг.