Стоунси го одржаа историскиот концерт на Куба

Легендарниот британски рок бенд The Rolling Stones во петокот вечерта во кубанската престолнина Хавана го одржаа историскиот концерт пред половина милион луѓе, пренесуваат агенциите.

Image

„Знаеме дека нашата музика со години тешко можеше да се слушне на Куба, но сега сме тука. Мислам дека конечно времињата се менуваат, зарем не?“, запраша Мик Џегер на шпански јазик пред почетокот на бесплатниот концерт во спортскиот концерт Сиудад Депортиво (Спортски град) во Хавана,

Настапот започнал со „Jumpin’ Jack Flashom“, а „Камњата“ го продолжиле со “It’s Only Rock ‘n Roll“, како да сакаат да ги разуверат кубанските власти во врска со овој вид музика, порано сметан за инструмент на американскиот империјализам, се наведува во агенциските извештаи.

Џегер, исклучително темпераментен на сцената и покрај неговите 72 години, во исто темпо следен од своите колеги Кит Ричардс, Рони Вуд, Чарли Ватс и Дерил Џонс, извеле 18 класици од нивниот огромен опус, меѓу кои „Sympathy for the Devil“, „Angie“, „Paint it Black“ и на крајот „Satisfaction“.

Во спортскиот комплекс во Хавана отворен пред револуцијата предводена од Фидел Кастро во 1959 година, беше поставена сцена долга 80 метри и седум огромни екрани.

Концертот, инаку, беше одложен по првичното закажување минатата недела што се совпадна со исто така историската посета на американскиот претседател Барак Обама, по 88 години на некој челник на САД, на оваа карипска комунистичка земја.

Многубројни Кубанци на концертот дошле со разни симболи на The Rolling Stones, како славното лого на исплазениот јазик, но и со симболи на САД, очигледно погрешно толкувајќи дека возрасните британски рокери се Американци, а можеби и само сакале да ја поддржат атмосферата на почетокот на соработката меѓу Хавана и Вашингтон, поттикната од посетата на Обама.

Концертот во Хавана се одржа во рамките на нивната турнеја под наслов „America Latina Ole tour“, којашто опфаќа настапи на стадионите во латиноамериканските престолнини Сантјаго, Буенос Аирес, Монтевидео, Рио де Жанеиро, Сао Паоло, Порто Алегре, Лима, Богота и Сиудад де Мехико.

Освен доживувањето од историската средба, „Камењата“ на кубанските музичари ќе им донесат и многу донации, музички инструменти и опрема, како прилози на познатите производители меѓу кои фондацијата на „Gibson“, „Vic Firth“, „Pearl“, „Latin Percussion“, културната фондација GRAMMY, наведено е на официјалната страница на The Rolling Stones.