На продолжението на судското рочиште за „Дива Населба“ новинарите не влегоа во судската сала бидејќи имало место само за ограничен број на новинари, односно само за тројца новинари, кои би можеле да го следат судењето.
Околу дваесетина новинари, меѓу кои и репортерот на Макфакс, останаа надвор и одлучија никој од нив да не го следи судењето.
Минатите роишта се одржуваа во големата сала во Врховниот суд поради големиот број на обвинети и големиот интерес на јавноста, присутни беа и сите заинтересирано новинарски екипи.
Од Основниот суд Скопје 1 велат дека од Врховниот суд во последен момент ги известиле дека салата се реновира и не можело да обезбедат услови за сите новинари.
На ова судско рочиште е предвидено искази да дават сведоци на обвинителството односно жители на „Дива населба“ каде што се случи инцидентот во мај минатата година.
Процесот се води против 29 обвинети на кои им се суди за Тероризам и терористичка организација.
макфакс