СЈО: Во случајот „Тврдина“ се уништени системи за да не се открие кој прислушувал

Со уништувањето на системите за следење на комуникациите, случај кој го отвори Специјалното јавно обвинителство во јавноста познат како „Тврдина“, се злоупотребени системите на следење на комуникациите и се уништени заради попречување на откривање на лицата кои го злоупотребиле системот, образложуваат од СЈО откако судија на претходна постапка ги одби предлозите за притвор и мерки за претпазливост што ги предложи ова Обвинителство за осомничените во овој случај.

Image

Судот во образложението за одбивањето на предлогот на СЈО ја проблематизира надлежноста на ова Обвинителство во овој случај бидејќи, според нив, овој предмет не произлегувал од прислушуваните разговори.

Од СЈО објаснуваат дека ова Обвинителство има исклучива надлежност да гони кривични дела кои се поврзани и кои произлегуваат од незконското следење на комуникациите.

„Јасно законодавецот ги одвоил и разликува две категории на процесна надлежност, исклучиво на ова јавно обвинителство. Едната е кривичните дела да бидат поврзани со неовластено следење на комуникациите и втората е кривичните дела да произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите. Поврзаноста опфаќа многу поширок спектар и таа ги опфаќа сите криминални дејствија извршени во насока на злоупотреба на системите на следење на комуникациите, нивно уништување заради попречување на откривање на лицата кои го злоупотребиле системот и  секако тука неизбежен дел е и случајот познат како ‘Пуч’. За сиве овие дејствија судот не може да очекува дека ќе постои комуникација. Напротив, тоа се дејствија со кои е овозможено незаконското следење на комуникациите и спречување на докажување за злоупотреба на таквите средства. Од тука апсурдно е тврдењето на сдот дека е потребно кумулативно да постои и поврзаност со неовластено следење на комуникации и кривични дела кои што директно произлегуваат од содржината на незаконско следење на комуникациите“, се вели во соопштението на СЈО.

Обвинителството како свој аргумент ги посочува дејствијата кои што им се ставаат на товар на осомничените кои се во насока на уништување на системите од каде е произлезена содржината на комуникациите и, според нив, е многу јасно кое јавно обвинителство е надлежно за гонење на предметните кривични дела.

Оттаму ја наведуваат и пресудата за обвинетиот во случајот „Пуч“, Звонко Костоски, донесена врз основа на предлог спогодба, во којашто самиот Суд утврдил дека незаконското следење на комуникациите е вршено преку искористување на уредите за прислушкување и тонско снимање на техничките капацитети на средствата за следење на комуникациите при Министерството за внатрешни работи.

СЈО предлага Кривичниот совет при Основниот суд Скопје I да ја уважи нивната жалба и да го укине решението на судијата на претходна постапка и предметот да го упати на повторно одлучување.

Основниот суд Скопје 1 во средата на го прифати нпредлогот на СЈО да му се одреди притвор на началникот на Петтата управа, Горан Грујевски за уништување на два технички системи за следење на комукациите. Исто така, го отфрли предлогот на СЈО да им се одредат мерки на претпазливост на останатите четворица осомничени во овој случај, меѓу кои е и поранешната Министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Во март на Грујевски му беше одреден притвор за овој случај, но по два дена судот ја преиначи нодлуката и му определи куќен притвор. Со донесувањето на одлуката за аболиција на Претседателот, Ѓорге Иванов тој беше ослободен, но со поништувањето на истата одлука овој случај повторно се активира.