Телескопот Кеплер откри нови 9 планети на кои може да има живот

Американската агенција за вселенски истражувања NASA преку телескопот „Кеплер“ лансиран во март 2009 година, открила 1.284 нови планети надвор од Сончевиот систем, ткн егзопланети, со што е двојно зголемен бројот на веќе откриените и потврдени планети, објави во вторникот агенцијата.

Image (1)

Директорката на научниот тим на NASA, Елен Стофан, на прес-конференцијата изјави дека ваквото откритие дава надежи дека ќе биде откриена планета слична на Земјата.

Астрономите се 99 отсто сигурни дека тие 1.284 егзопланети или екстрасоларни планети, на коишто можно е да има некој вид биолошки живот, а не некакви вселенски објекти.

Телескопот „Кеплер“, исто така, утврдил дека 1.327 други „кандидати“ за статусот на планети за што се потребни дополнителни анализи. Од околу 5.000 егзопланети вкупно откриени досега за 3.200 е потврдено дека се планети, од кои 2.325 се откриени токму со помош на овој телескоп кој го доби називот „ловец на планети“, прецизираат од NASA.

„Пред лансирањето на Кеплер не знаевме дали има многу или малку егзопланети, а сега изгледа дека би можело да има повеќе планети отколку ѕвезди“, вели Пол Херц, директор на одделот за астрофизика во NASA.

Според Херц, проширувањата на сознанијата за структурата на Млечниот пат треба да помогне еден ден да се најде одговорот на прашањето „Дали сме сами во Вселената?“.

„Кеплер“ истражил 150.000 ѕвезди за да открие знаци на планети во орбитата, особено на оние кои се наоѓаат на идеална оддалеченост за водата да биде во течна состојба и потенцијално да овозможи развој на некаков облик на живот.

Научниците, исто така, велат дека од 1.284 нови планети откриени со „Кеплер“, на 550 може да имаат цврста почва.

„Девет од нив се наоѓаа во ткн зона погодна за живот, односно се на такво растојание од своите ѕвезди, што им овозможува да се одржува температура на нивната површина за да има вода во течна агрегатна состојба“, прецизираше Тимоти Мортон, од универзитетот Принстон. Според него, бројот на екстрасоларни планети откриени од страна на „Кеплер“ на коишто експертите признаваат дека може да има услови за биолошки живот достигнал 21.

Од NASA појаснуваат дека новите планети се утврдени по темелна анализа „од 4.302 потенцијални кандидати“ откриени со помош на „Кеплер“ внесени во специјалниот каталог. Уште 707 „кандидати“ се отфрлени, а за остатокот е потребна дополнителна потврда да го стекнат статусот планета.

Научниците, исто така, велат дека очекуваат да ги продолжат проучувањата на планетите од нашата галаксија надвор од Сончевиот систем и со помош на новиот телескоп „Џејмс Веб“, кој треба да биде лансиран во орбитата во 2018 година

Цената на овој проект изнесува 9 милијарди американски долари, или речиси 15 пати повеќе отколку што чини мисијата „Кеплер“.

макфакс