Неверојатно, но ова истражување кое го објавила Синтија Ричмонд во книгата ‘Dream Power’ покажува дека секс во тројка не е, како што се верува, најголем секси сон кај мажите. Па тогаш, за што сонуваа мажите?
1. Ве довел до најголем оргазам досега
Интересно, повеќе сонуваат за тоа како ви пружил незаборавно уживање, отколку вие нему. Тоа што играте главна женска улога во неговите порно филмови, само покажува силна поврзаност со вас.
2. Враќање на поранешната девојка
Не паничете, тоа не значи дека тој сака да му се врати поранешната девојка, туку му недостасува тоа што го имал во преходната врска, а сега го нема. На пример, можеби со поранешната девојка постојано излегувал, а вие двајца сега почесто останувате дома.
3. Во прегратките на вампир
Често вашиот драг во своите сништа ќе игра сексуални игри со некои измислени ликови (вампирка, вонземјанка)…Тие ликови го симболизираат одбивањето на ограничувањата и најчесто кога ги сонува, потребно му е бегство од реалноста.
4. Анџелина во епизодна улога
Верувале или не, славните личности влегуваат во неговиот кревет кога тој бара внимание. Во човечкиот мозок, всушност, славните личности се поврзани со чувство на восхит.
5. Тој во акција, сам со себе
Кога дечкото сонува дека мастурбира, тоа значи дека е фрустриран и му е потребно сексуално растеретување. Истиот момент!