Турција и Германија сметаат дека договорот го намалил напливот на мигранти

Турција и Германија соопштија во среда дека договорот меѓу Европската унија и Анкара го забавил приливот на мигранти на грчките острови, но не го запрел, бидејќи обидите за препловување на Егејското море не престанаа, а во Грција и натаму се блокирани 50.000 луѓе.

Image
Договорот потпишан на 18 март заради запирање на бранот што лани во ЕУ донесе повеќе од милион мигранти, а ова година уште 150.000 во Грција, стапи на сила во понеделник.

Новите пристигања на грчките острови од Турција во среда наутро спаднаа на 68 во последните 24 часа во однос на 225 претходниот ден, објави грчкото министерство за миграции.

Падот е голем во однос на 9.200 доаѓања во само еден ден во октомври, кога беше врвот на мигрансткиот бран.

Од понеделникот во Турција се вратени 202 лица, во главно Пакистанци. Но враќањата Грција ги одложи до петок бидејќи нарасна бројот на барања за азил што ги поднесуваат поединци во надеж дека ќе избегнат депортација.