Турција сака полноправно членство во ЕУ до 2023 година

 

Берлин, 19 август, 2016 – 11:02 (META) 
European Union and Turkey

Турција би сакала да стане членка на Европската Унија до 2023 година, соопшти денеска турскиот амбасадор во ЕУ, Селим Јенел.

– Турција сака да се приклучи кон ЕУ до 2023 година – рече Јенел за германскиот весник „Велт“.

Тој рече дека датумот би бил се поклопил со прославата на 100-годишнината од основањето на Република Турција.

– Членството во ЕУ во тој период, би бил врвот за мојата земја. Полноправното членство во Унијата е особено важно за Турција – рече Јенел, додавајќи дека долгорочно гледано, за Турција е неприфатливо да не биде членка на ЕУ.

Јенел ја повика германската канцеларка Ангела Меркел и другите европски политичари да ја посетат Турција по неуспешниот воен удар, наведувајќи дека со тоа ќе помогнат во поддршката на демократијата.

Турција е кандидат за членство во ЕУ од 1999 година, но напредокот на преговорите е особено бавен.