УЕФА: Европското првенство ќе се одржи во Франција

 

Европскиот фудбалски сојуз (УЕФА) во понеделникот потврди дека Европското првенство следната година ќе се одржи во Франција, како што беше претходно одредено, и покрај терористичките напади во Париз во кој загинаа најмалку 129 лица.

uefa

„Жрепката за групите ќе се одржи според планот на 12-тиi декември во Париз, а натпреварувањето ќе се организира од 10-ти јуни до 10-ти јули 2016 година. По драматичните случаи во петокот во Париз, сакаме да ја потврдиме својата посветеност дека безбедноста и обезбедувањето се поставени во центарот на нашите организациски планови. Иако нема причина да се верува дека првенството би можело да биде мета на било какви напади, потенцијалната терористичка закана секогаш се зема во предвид“, објави УЕФА.

макфакс