Укинувањето на Шенген би било економска катаклизма за Европа

Повторното воведување на граничните контроли во Европа би ја чинеле германската економија најмалку 77 милијарди долари во следните десет години, а во најлош случај оваа сума би била значително поголема, пресметаа експертите од фондацијата Bertelsmann.

Image (11)

 

„Доколку внатре во Европа повторно се воведат гранични контроли, тогаш ионака слабиот конјуктурен раст ќе се најде под уште поголем притисок. На крајот сметката за оваа одлука ќе ја платата граѓаните“, нагласува Арт Де Гус, шефот на управата на фондацијата Bertelsmann.

 

Повторното воведување на граничните контроли би довело до огромен пораст на трошоците на цените, што негативно би се одразило на економскиот раст во Европа, се наведува во студијата.

 

Пресметките за потенцијалните загуби се базираат на потенцијалните загуби на граничните контроли во рамки на Европа, подолгите чекања автоматски за претприемачите значат зголемени кадровски трошоци. Освен тоа би морале да се зголемат и магацинските капацитети, бидејќи досегашната востановена пракса на снабдување од погоните just-in-time не би можела да биде повеќе загарантирана.

 

На пример Volkswagen моторите од своите фабрики во Унгарија ги доставува во своите германски погони во момент кога таму се потребни за да се спречи скапото складирање.

макфакс