Умре Сара, најбрзото копнено животно

Женката гепард по име Сара, која National Geographic ја прогласи за најбрзиот копнен цицач, умре во зоолошката градина во американски Синсинати.

Image
Сара е успиена во средата поради „намалување на квалитетот на животот“, соопштија од зоолошката градина. Имаше 15 години, а просечниот животен век на гепардот изнесува од 8 до 12 години.

Оваа женка гепард е прогласена за најбрзото копнено животно откако во текот на снимањето на документарен филм за National Geographic во 2012 година 100 метри претрча за 5,95 секунди, што е брзина од 98,2 километри на час. Тогаш го собори светскиот рекорд од 2009 година, кога делницата ја претрча за 6,13 секунди.

Камерите ја снимаа нејзината трка на посебна патека којашто ја потврди техничкиот совет на американската атлетска федерација. Како мамка за тркот на Сара послужи кадифено кутре. Сара 100-те метри ги истрча за три ипол секунди од најбрзиот човек – Усаин Болт.

Во зоолошката градина е донесена како младенче старо шест седмици. „Живееше со целосен живот и беше одличен амбасадор на својот вид“, изјави нејзината тренерка Линда Кастанеда.

Бројот на гепардите во светот е во значително опаѓање. Пред сто години во дивината живееле околу стотина илјади, а сега ги има меѓу 9 и 12 илјади.