Унаи Емери го презеде ПСЖ

Нов тренер на ПСЖ е Унаи Емери, доскорешниот тренер на Севилја со францускиот шампион потпиша двегодишен договор.

Image

Унаи Емери со Севилја во изминатите три години освои исто толку титули во Лига Европа. Тој решил да се пресели во Париз бидејќи смета дека ПСЖ е еден од најголемите европски клубови.

„Свесен сум за страста која постои околу ПСЖ. Ќе се обидам да им дадам причини за радост на милионите навивачи на овој клуб“, рекол 44-годишниот Емери.

Емери во кариерата бил тренер на Валенсија, Спартак Москва, а од 2013 година седеше на клупата на Севилја. Во ПСЖ тој го наследи Лоран Блан, кој во изминатите две сезони ги освојуваше трите трофеи на домашната сцена, но не успеа да направи позначаен исчекор во Лигата на шампионите.