Уставниот суд расправа за одлуката на Собранието за распуштање со одложено дејство

Уставниот суд во четврток ја почнува расправата по иницијатива на претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, за оценување на уставноста на одлуката на Собранието за распуштање на Парламентот со одложено дејство, соопштуваат од партијата.

Image

„Парламентот на 18.01.2016 година донесе одлука за негово распуштање, но наместо да стапи во сила веднаш и се спроведат избори во рок од 60 дена, примената е одложена  да стапи на сила на 24 февруари , односно 60 дена пред изборниот ден за 24 април, за кога само начелно се закажани предвремените парламентарни избори. Датумот не е сигурен бидејќи претходно е условен со други обврски кои треба да бидат спроведени согласно Пржинскиот договор, а тоа може да произведе и друг одложен датум на одржување на избори, се додека не се исполнат сите услови“, велат од партијата.

Пратеникот Павле Трајанов, како што се вели во соопштението од ДС,укажа на парламентарната дебата, и пред и по изгласувањето на оваа спорна одлука на партиите на власта, а опозицијата ја напушти салата и не сакаше да учествува.

Трајанов уште на седницата најави дека ќе ја поднесе оваа иницијатива, која пред Уставниот суд дојде на дневен ред само неколку дена пред истекот на рокот на изјаснување на одлуката на меѓународната заедница да се изјаснат ,дали ќе препорачаат одлагање на датумот на изборите за неколку месеци подоцна.

Седницата на Уставниот суд почна во  9 часот, а пратеникот Павле Трајанов , како предлагач на иницијативата воопшто не бил поканет да присуствува и да ја образложи истата.