Утре истекува рокот за пријавување на штетите од поплавите

Скопје, 6 септември, 2016 – 11:47 (META) 
14018106_10208471236891663_2011436241_n-860x680

Утре истекува рокот што го определи Владата за пријавување на настанатите штети од поплавите што се случија на 6 август 2016 година, за оштетените од населените места Стајковци, Сингелиќ, Инџиково, Економија, Ченто, Брњарци, Страчинци, Виниче, Црешево, Булачани, Раштански пат, Смилковци, Арачиново, Илинден, Шуто Оризари и Шипковица.

Сите лица од овие населени места кои сè уште ги немаат пријавено штетите од поплавите, утре заклучно со крајот на работното време во 16.30 часот, тоа може да го направат во општините Гази Баба, Арачиново, Илинден, Шуто Оризари и Тетово или, пак, во подрачните единици на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство во Гази Баба и во Тетово.

Владата, на барање на оштетените граѓани, веќе еднаш го пролонгира крајниот рок за пријавување на штетите од поплавите.