Уште еден пораз на фудбалската репрезентација

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Бугарија 0:2, во пријателски натпревар, кој во вторникот вечерта се одигра на стадионот „Филип Втори“, во Скопје.

Image

Македонските репрезентативци го запишаа третиот последователен пораз, сите во пријателски натпревари, а она што особено загрижува е што во тие порази „црвено-жолтите“ не постигнаа гол.

Како и претходните натпревари, и дуелот со Бугарија покажа дека новиот селектор Игор Ангеловски го очекува тешка работа, во пресрет на стартот на квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство.

Дуелот со Бугарија беше четврти за селекторот Ангеловски, кој има скор од една победа (Црна Гора 4:1) и три пораза (Либан 0:1, Словенија 0:1, Бугарија 0:2).

Македонските репрезентативци против Бугарија подобро делуваа во првото полувреме, кога повеќе ја имаа топката во свој посед и кога создадоа неколку добри шанси за постигнување гол. Најдобрата можност ја имаше Шиков кој во 25. минута ја погоди гредата на бугарската репрезентација.

Бугарите во вториот дел добро ги затворија приодите кон својот гол, шансите ги бараа преку брзи акции, а една таква во 66. минута ја круниса со гол Рангелов. Потоа селекторот Ангеловски направи четири измени, темпото на играта значително падна, а во финишот Бугарите постигнаа уште еден гол, стрелец беше Тонев во 84. минута.

Напаѓачот на Бугарија нецели две минути претходно влезе во игра наместото на Марселињо