ФА: Диего Коста ќе мора да го објасни инцидентот со Бери

Напаѓачот на Челзи, Диего Коста, е обвинет за „недолично однесување“ на натпреварот со Евертон во ФА купот, кој се одигра во неделата.

Image

Евертон со победата 2:0 го елиминира Челзи во четвртфиналето на ФА купот, а Бразилецот со шпански пасош во финишот на мечот се обиде да го гризне Герет Бери, но во последен момент успеа да ги совлада емоциите.

Поради тој инцидент Коста го доби вториот жолт картон, а веднаш по завршувањето на натпреварот двајцата ги негираа пишувањата на медиумите дека Коста се обидел да го гризне Бери.

Сепак, Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) соопшти дека Коста ќе мора да го објасни инциидентот со Бери, но и наводниот гест со кој ги испровоцирал навивачите на Евертон по завршувањето на првото полувреме.

Извесно е дека напаѓачот на Челзи, поради репутацијата која ја има во Премиерлигата, ќе биде казнет од страна на ФА.

Диего Коста оваа сезона има постигнато 14 голови на 34 одиграни натпревари.