Луис Суарез дефинитивно е фудбалски феномен. Доказ за тоа е и видеото од фантастичниот потег на голгетерот на Барселона, кој имаше несекојдневна средба со двајца фудбалски „фристајлери“. Предизвикот не беше нималку наивен – Уругваецот да смири топка што еден од нив ќе ја исфрли од кран на височина од 35 метри.
Суарез за поддршка го доведе и својот добар пријател Лео Меси, а потоа пред најдобриот фудбалер на денешницата покажа дел од својата магија.
Погледнете како изгледаше овој потег на суперѕвездата на Барселона.