Фиорентина ја продлабочи кризата на Интер

Фудбалерите на Фиорентина го совладаа Интер со 2:1, во последниот меч од 25.коло во Серија А. Фиорентина со оваа победа ја мина Рома на третата позиција, додека Интер е на петтата позиција.

Image

Добрата игра на почетокот на натпреварот, фудбалерите на Интер ја материјализираа во 26.минута преку Брозовиќ. Интер предноста од еден гол ја задржа до полувремето.

Во вториот дел Фиорентина ја контролираше играта, а израмни со голот на Валеро по еден час игра.

Интер на седум минути до крајот остана со играч помалку, поради исклучувањето на Телес.

Фиорентина до триумфот стигна со голот на Бабакар во 91.минута, а до крајот на мечот директен црвен картон доби Зарате.